2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова рунда на преговори меѓу VW и САД

Нова рунда на преговори меѓу VW и САД

vwus-0033

Компанијата “Volkswagen” и американските власти постигнаа договор зa откупување и плаќање на поправката на околу 80.000 автомобили со трилитарски дизел мотори. Станува збор за автомобилските марки “Volkswagen”, “Porsche” и “Audi”.

Компанијата “Robert Bosch”, која е производител на софтвер за “Volkswagen”, се согласи да ја преземе одговорноста во однос на жалбите кои се поднесени од сопствениците на автомобили со дизел мотори во САД, соопшти надлежниот суд во САД.

“Volkswagen” се најде на удар кога во септември 2015 година, призна дека во нивните возила бил инсталиран софтверот кој на тестовите покажувал пониско ниво на штетни гасови.

Се очекува новиот договорот “Volkswagen” да го чини повеќе од 300 милиони долари.

Во јуни од “Volkswagen” се согласија на поправки во вкупна вредност од 15 милијарди долари за сите спорни возила, вклучувајќи откуп на 475.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП