28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто Европејците не започнуваат бизнис?

Зошто Европејците не започнуваат бизнис?

biz1

Започнувањето на бизнис не е толку атрактивно за Европејците како порано, и само една третина (37 проценти) од нив се подготвени да превземат ризик.

Спротивно од расположението на мнозинството, во некои земји претприемачката еуфорија е исклучитело силна, така е во Литванија (58 проценти), која всушност ги предводи членките на ЕУ, а веднаш зад неа е Хрватска.

Истражувањето на „Евробарометар“, главната европска агенција за истражување на јавното мислење, покажува дека на ризикот од сопствениот бизнис се подготвени повеќе од половината испитаници од Хрватска, осносно 54 проценти.

На третото место се Грците, со 50 проценти.

Истражувањето покажува дека самовработувањето, односно сопствениот бизнис е повеќе популарен надвор од Европската унија. Турците се на врвот од оваа листа со 82 проценти, потоа следат Бразилците со 63 проценти и Кинезите со 56 проценти.

Независно од националноста, мажите се повеќе заинтересирани за самовработувањето од жените (42 наспроти 33 проценти), генерациски, младите и тоа помеѓу 15 и 24 години се заинтересирани за сопствен бизнис со околу 45 проценти, покажуваат резултатите од истражувањето.

Како најголема сопирачка за да започнат сопствен бизнис, испитаниците го навеле стравот од банкрот (43 проценти) и ризикот од нередовна исплата на плата (33 проценти). Испитаниците од ЕУ сметаат дека е тешко да се започне со водење на сопствен бизнис поради недостатокот на финансиска поддршка (79 проценти) и сложените бирократски процедури (72 проценти), додека 51 проценти сметаат дека е тешко да се добијат информации за започнувањето на сопствен бизнис.

Помеѓу оние кои веќе започнале со водењето на сопствен бизнис, 87 проценти изјавиле дека на тој потег ги навела добрата идеја за бизнис. Една од главните цели на истражувањето, била целта да се добие увид за ставовите на Европејците за претприемништвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП