5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Кој го контролира онлајн пазарот за патнички резервации?

График на денот: Кој го контролира онлајн пазарот за патнички резервации?

pat-rez-0000

Божиќните и новогодишните празници се приближуваат и многумина насекаде во светот размислуваат за патувања во последната минута, за да избегаат од стресните празнувања и да поминат деновите на некое топло и мирно место, коментира „Statista“. А и овие денови не е потребно ништо повеќе од интернет прелистувачот и кредитната картичка, за да најдеш и резервираш – од колиба на Алпите до пет ѕвездички хотел на Малдивите.

Според извештајот „Digital Market Outlook“ на „Statista“ онлајн пазарот за резервации за патувања е навистина огромен. Волуменот на светскиот пазар за онлајн хотелски резервации се проценува на над 100 милијарди долари во оваа година, а пакетите туристички одмори, како понудените во „Airbnb“, додаваат на годишните приходи уште 75 милијарди долари.

Глобалните приходи од онлајн резервации за патувања изнесуваат 178,8 милијарди долари во 2016-та година, пак, се наведува во извештајот „eTravel: Online Travel Booking“ на изданието. Поголемиот дел од нив се генерираат од хотели, а процентот е околу 60%. Просечните приходи на корисник сепак се највисоки во сегментот со пакет одмори.

Споредувајќи ги податоците на глобално ниво, се забележува дека поголемиот дел од приходите се генерираат во Европа – 62,4 милијарди долари за 2016-та година, потоа следи САД каде приходите се малку послаби – 61,4 милијарди долари за 2016-та година, додека пак приходите во Кина се најмали во однос на ова – само 20,3 милијарди долари во 2016-та година во Европа. Обединетото Кралство е водечко со приходи од 17,5 милијарди долари за 2016-та година.

pat-rez-0001

Главните мотори на пазарот за резервации за патувања се интернетот, смартфоните и социјалните медиуми.

Смартфоните овозможуваат брз пристап до апликации за резервации. Бидејќи интернет покриеноста и достапноста на смартфони веќе е многу висока во САД, а и поради доста случувања на онлајн пазарот за патувања, се очекува САД да го забележи најнискиот раст со годишна стапка од 6,2%, што ќе доведе до заеднички пазарен волумен од 83,1 милијарди долари во 2021 година

Европа ќе постигне малку подобри резултати со средна годишна стапка на раст од 8,7%, што ќе донесе приходи од 94,9 милијарди долари во 2021-ра година. Токму поради тоа Стариот континент дополнително ќе ја зголеми предноста пред САД.

Најбрзо растечкиот регион е Кина со стапка од 16,5%, што ќе го зголеми уделот на волумен до 43,7 милијарди долари во 2021-ва година. Овој брз раст се должи на континуираниот раст на доаѓањето на интернетпт во Кина и зголемената куповна сила, особено во урбаните средини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП