26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонската изолациона иновација „ТермоСтоп” ја освојува и Русија

Македонската изолациона иновација „ТермоСтоп” ја освојува и Русија

te

Премиерот на Русија Димитри Медведев неодамна ги промовираше предностите на руските термо течни изолациони производи

Иновацијата на Македонската компанија Металотехника Прилеп ќе се продава и на Рускиот и Украинскиот пазар. Станува збор за нов високо квалитетен термоизолационен производ „ТермоСтоп” кој претставува вистинско изолационо чуд. Овој производ добиен е по Нано технологија изработен според најновите истражувања на врвните експерти од компанијата Металотехника Прилеп http://metalotehnika.mk/#

Иновацијата е поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија со што овој револуционерен производ за прв пат се произведува во Македонија и во регионот. За квалитетот и ефектите на ваков тип на производ потврдува и Рускиот премиер Димитри Медведев кој на национална енергетска прес конференција за отворање на нов енергетски комплекс пред поголем број на градежни компании и медиуми од Русија нагласи дека станува збор за производ кој обезбедува најмалку 30% заштеда на енергија.

Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолациониот материјал „ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Видео https://www.youtube.com/watch?v=CniP7__Jpww

Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Овозможува заштеда најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува. Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Може да има примена во станбените објекти, а подеднакво и во индустриските капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација.  [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП