19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗимска магија со FASHION GROUP

Зимска магија со FASHION GROUP

fg

Убавината на зимата, мирисот на штотуку испечените колачиња со цимет, собирањето на целото семејство додека се отвораат новогодишните подароци…декември – месец полн со исчекување на новогодишната магија и сета убавина поврзана со неа.

“За да ги дополниме сите специјални моменти на нашите верни купувачи и љубители на модата, Fashion Group подготви зимски каталог кој ќе служи како инспирација во празничните деновите кои доаѓаат. Низ трите различни приказни – “Планински авантури”, “Урбан живот” и “Светла во ноќта”, каталогот претставува комбинации соодветни за различните стилови, потреби и желби на купувачите. Со прикажаните парчиња тие ќе се чувствуваат удобно и привлечно без разлика каде се; низ урбаниот метеж сред новогодишната еуфорија, додека се забавуваат под празничните светла на градот или пак додека уживаат во зимската идила во природа”, велат од компанијата.

“Подарувањето е неизбежен дел од празниците и затоа во оваа издание нудиме избор на многубројни и разновидни подароци, а  облеката и додатоците за најмалите модни вљубениците се исто така дел од каталогот”, велат тие.

faa

Главни улоги во зимската магија која ја креираат брендовите на Fashion Group имаат моделите Ангела Карова и Стефан Симоновски. Фотографите Ани и Дими ги претворија сите впечатливи моменти во успешни кадри, додека пак одговорна за шминка и фризура беше Зорица Николова. Локациите кои им даваат дополнителен шарм на фотографиите се Кантина лаунџ бар, кафе бар Винил и реновираното бачило, дел од скијачкиот центар Заре Лазаревски во Маврово.

fbb

Зимскиот каталог е достапен во електронска форма на www.fashiongroup.com.mk, a наскоро ќе може да се најде и во секоја од продавниците на групацијата.

fcc

fdd

fee

fff

fgg

fhh

fii

fjj

fkk

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП