10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X2 ќе пристигне во 2017-та

BMW X2 ќе пристигне во 2017-та

dvojcica-0990

Сериската верзија на кросоверот „X2“ ќе има премиера кон крајот на следната година, додека првите примероци ќе им бидат испорачани на новите сопственици во 2018-та година.

Како што дознава „Auto Express“, производниот „X2“ ќе биде достапен со широка палета на бензински и дизел мотори, а се очекува да добие и спортска верзија со ознаката „M25i“ за која е задолжено „М“ одделението на баварскиот производител.

dvojcica-0991

Тестовите на прототипот на серискиот „BMW X2“ се во тек, а на фотографијата е прикажано „камуфлирано“ возило кое, кога станува збор за дизајнот, во голема мера е засновано на концептот.

Концептот „BMW X2“  имаше премиера на саемот за автомобили во Париз, кон крајот на септември. Кросоверот механички е базиран на моделот „X1“, со кој ја дели „UKL“ платформата со преден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП