20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави идниот X2 (фото+видео)

BMW го претстави идниот X2 (фото+видео)

dvaH

Германскиот производител „BMW“ претстави предвесник на нов компактен кросовер. Прототипот го добил името „X2“ и дебитира во рамките на саемот во Париз.

„„BMW Concept X2“ е возило за активни луѓе кои бараат врската меѓу радоста и функцијата. Концептот претставува нова, возбудлива визија на марката „BMW“ во компактниот сегмент“, објави главниот дизајнер на BMW Group – Адријан ван Хојдонк.

dvaH1

Засега техничките детали за возилото не се објавени. Според неофицијални информации, должината на „X2“ е 4439 мм, широчината достигнува 1821 мм, а висината е 1598 мм. Тоа значи дека новиот модел според должина и ширина е идентичен со оној на новата генерација на „X1“, но е помал од него со 14 мм.

Серискиот „BMW X2“ ќе стане вториот модел на германската марка, изграден на платформата со преден погон „UKL“. Ова шасија се користи и за моделите „MINI“ (ќе се појави и на следната генерација на „Countryman“), а исто така и кај „X1“ и „Series 2 Active Tourer“. Производството на моделот ќе започне во 2108-та година, а тој ќе се нуди со 2.0-литарски бензински турбо-мотор со 191 КС, а исто така и со 2,0-литарски дизел, со моќност од 150, 190 и 230 КС.

dvaH2

Клиентот ќе може да избира меѓу 6-брзински мануелен и автоматски менувачи. Како опција ќе се нуди и систем за погон на четири тркала. Предвидена е и „М“-верзија со 2,0-литарски бензински турбомотор со 300 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП