
Американскиот финансиски регулатор ја казни швајцарската банка „Credit Suisse“ со 16,5 милиони долари поради слабата контрола во областа на спречување на перењето пари.


Американскиот финансиски регулатор ја казни швајцарската банка „Credit Suisse“ со 16,5 милиони долари поради слабата контрола во областа на спречување на перењето пари.
„Големата швајцарска банка е обвинета за низа пропусти и грешки во нејзиниот систем за идентификување на трансакциите кои би можеле да бидат поврзани со незаконските активности“, соопшти американската Управа за регулирање на финансиската индустрија (FINRA), а пренесува агенцијата Франс прес.
FINRA утврди дека во траење од две години, поточно од јануари 2011 до 2013 година пресоналот на „Credit Suisse“ не ги пријавувало сомнителните активности и тргувања, а тоа било нивна обврска.
Освен тоа од 2011 до 2015 година, „Credit Suisse“ не успеал адекватно да го имплементира автоматизираниот систем за надзор, се наведува во соопштението на FINRA.