18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic го купува производителот на фарови ZKW?

Panasonic го купува производителот на фарови ZKW?

zkw22

Јапонскиот технолошки концерн „Panasonic Corp.“ е во преговори за купување на австрискиот производител на фаровите „ZKW Group GmbH“, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на извор, запознаен со предметот. Така јапонскиот концерн може да се претвори во уште еден главен производител на електроника, кој се насочува и кон авто делови.

Сумата за трансакцијата се уште не е конечно прифатена и не е јасно дали и кога договорот ќе биде објавен официјално, вели изворот, кој посакал да остане анонимен, бидејќи преговорите се приватни. Јапонскиот финансиски весник „Nikkei“ претходно соопшти дека производителот на фаровите може да биде оценет на 100 милијарди јени (880 милиони долари), без да наведува имиња. Хитоми Ишикава, портпаролот на „Panasonic“, одби да ја коментира оваа тема.

Потенцијалното купување на „ZKW“ која произведува „LED“ светла, ќе биде дел од напорите на јапонската компанијата да се прошири на пазарот на автомобили – една област која може да ја надомести побарувачката на електронски апарати.

„ZKW“, која е основана во 1938-ма година, е специјализира за висококвалитетни фарови, кои го намалуваат одблесокот  кон возачите или пешаците. Таа предвидува приходи од над 900 милиони евра (952 милиони долари) во текот на оваа година, во споредба со помалку од 400 милиони евра во 2011-та година, покажуваат податоците на нејзината интернет страницата.

Aкциите на „Panasonic“ се речиси без промена во цената на берзата во Токио. Тие загубија 3 отсто од вредноста во оваа година, додека широкиот индекс „Nikkei 225“ загуби околу 5 проценти.

Азиските компании за електроника навлегуваат се повеќе на пазарот на автомобилски делови во последните години.

Во минатиот месец „Samsung Electronics Co.“ плати 8 милијарди долари за компанијата со седиште во Стемфорд, Конектикат, „Harman International Industries Inc.“, која произведува поврзани табли. Во јули Корејската компанија инвестираше 449 милиони долари во производителот на електрични автомобили „BYD Co.“ и планираше да инвестира во единица за авто делови на „Fiat“.

Компанијата со седиште во Токио, „Sony Corp.“ ги засили своите активности во однос на создавањето на сензори кои се користат во автомобилите, кои детектираат и откриваат соседни објекти.

„Panasonic“ инвестира во капацитети за производство на батерии за електрични возила, вклучително и во оние на „Tesla Motors Inc.“. Поврзаните приходи со автомобилската индустрија на „Panasonic“, кои вклучуваат и бизнис за индустриски системи, изнесуваат 2,54 илјади милијарди јени минатата година, што претставува 34 проценти од приходите од продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП