19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДГ Бетон АД Скопје изѕида добивка од 1 милион евра за трите...

ДГ Бетон АД Скопје изѕида добивка од 1 милион евра за трите квартали од годинава

beton

Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон АД Скопје, го вклучуваат и работењето на друштвата за експлоатација на минерални суровини и тоа : Бетон-Про ДОО Скопје, Бетон-Каменолом ДОО Скопје , Бетон-Рудник ДОО Скопје.

Од оваа година, покрај трите претходно споменати друштва, консолидираните извештаи го вклучуваат и работењето на друштвото за хотелиерство, туризам и услуги Бетон – Хотели дооел Скопје.

Во овие девет месеци од 2016година, во консолидираниот биланс на успех е искажана консолидирана нето добивка во вкупен износ од 62.037.027,00 денари.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во периодот од 01.01.2016 до 30.09.2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во консолидираните финансиски изештаи.

Вкупни приходи

Остварените консолидирани вкупни приходи, заклучно со 30.09.2016година изнесуваат 1.729.119.556,00 денари.

Вкупни расходи

Kонсолидираните вкупни расходи, во период Јануари-Септември изнесуваат 1.667.082.529,00 денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП