27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРајн Некар загуби во Загреб, Манасков најдобар

Рајн Некар загуби во Загреб, Манасков најдобар

media-media-f8759ec7-ddea-4566-833b-6ba02d723b33-normalized

Ракометарите на ППД Загреб славеа над Рајн Некар 25:21 (10:15), во деветтото коло во Б групата, во лигата на шампионите.

ППД Загреб против фаворитот одигра брилијантно второто полувреме и на крајот ја запиша втората победа во Лигата на шампионите.

Играчите на Загреб во второто полувреме одиграа беспрекорно во одбраната, која ја предводеше голманот Скок (девет одбрани), максимално ги користеше грешките на противникот и негативата од пет гола на полувремето ја претвори во плус четири во конечниот резултат.

Рајн Некар по триумфот над Вардар во Скопје минатото коло, во овој дуел влезе како апсолутен фаворит, но таа улога не ја оправда.

Единствен кој во текот на целиот меч одигра на високо ниво, беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој постигна пет гола со 100-отстотна реализација.

Рајн Некар кога деветтото коло ќе биде комплетирано ќе остане на четвртата позиција со 11 бодови, а ППД Загреб е последен со четири бода.

Инаку дербито во оваа Б група в недела ќе го одиграа европскиот првак Кјелце и Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП