5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoPro скратува 15% од работната сила

GoPro скратува 15% од работната сила

goprokam3

Производителот на спортски и акциони камери „GoPro“, вчера објави дека ќе отпушти околу 15% од работната сила и ќе го затвори својот бизнис за забава. Ова се случува во момент во кој некогашниот љубимец на „Wall Street“ се насочува кон намалување на трошоците, во обид да се врати на профитот, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на компанијата, која имаше околу 1.500 вработени на крајот на 2015-та година, ја зголемија својата вредност со 4,7% во текот на раната трговија во САД.

Компанијата се бори со доцнење на продажбата на нејзините камери, бидејќи се појавуваат конкуренти кои нудат поевтини уреди, а смартфоните имаат сè подобри камери.

Преземањето на околу 2.500 од нејзините неодамна претставени дронови – „Karma“, исто така ќе нанесе удар на приходите.

Во средата компанијата изјави дека ќе отпушти околу 200 вработени со полно работно време, ќе престане да отвора нови позиции и ќе го затвори делот за забава, кој што создаваше оригинална содржина.

Од „GoPro“ изјавија дека намалувањето на трошоците ќе и помогне да ја постигне својата цел да се врати на профитот на приспособена база во текот на следната година.

Најновите кратенки се прилог на укинувањето на други 7% од работната сила, најавено во почетокот на годината.

„GoPro“ стана јавна компанија во 2014-та година, во позадина на ентузијазмот на инвеститорите дека фокусот на компанијата во спeциалните мрежи ќе помогне да се разликува од другите производители на електроника.

Акциите на „GoPro“, кои ја завршија трговијата во вторникот по цена од 9,83 долари, загубија околу 60% од вредноста од нивното деби на берзата, а оваа година запишаа пад од 45%.

Продажбата на „GoPro“ бележи пад во последните четири квартали, но компанијата објави дека очекува да се врати на двоцифрен раст на приходите во текот на следната година.

Претходно овој месец компанијата прогнозира приходи за божиќната сезона, кои се покажаа под очекувањата на аналитичарите. Таа вели дека тоа се должи на проблемите со производството на камерата „Hero 5“.

Покрај тоа „GoPro“ откри дека претседателот Тони Бејтс ќе се повлече од функцијата на крајот на оваа година.

Според „GoPro“ продажбата на нејзините камери во минатата недела, вклучувајќи го „црниот петок“, скокна со над 35% во однос на минатата година во основните американски трговски синџири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП