Германскиот производител на автомобили Volkswagen потпиша договор со алжирскиот партнер за продажба, компанијата Sovak, за изградба на погон за монтирање на возила во оваа африканска држава, соопштуваат од компанијата.
Според договорот, вреден 160 милиони евра (170 милиони долари), фабриката ќе започне со производство на првиот модел во јуни 2017 година и се очекува да го зголеми производството на над 100 автомобили дневно.