Синдикатот на пилотите на германската авиокомпанија Lufthanza соопшти дека по дводневната пауза тие повторно ќе штрајкуваат, во вторник и среда.
Како што е најавено, пилотите кои летаат на кратки линии ќе штрајкуваат во вторник, а наредниот ден ќе штрајкуваат нивни членови кои летаат на долги линии.
Синдикатот на пилоти ова го објави откако пропадна средбата со претставници на германската авиокомпанија.
Пилотите минатата недела штрајкуваа четири дена барајќи зголемување на платата.
Синдикатот бара ретроактивно зголемување на платите од 3,66 отсто на годишно ниво пет години наназад, а Луфтханза понуди зголемување од 4,4 отсто до средината на 2018 година и еднократен додаток во износ од 1,8 примања.
Имајќи предвид дека пилотите бараат зголемување на платата од 3,7 проценти во период од пет години, сметајќи од 2012 година, зголемувањето кое го понуди управата всушност би изнесувало 2,5 отсто.
Ова е 14-ти протест на пилотите од почетокот на 2014 година.