20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеска туристичка компанија ja купи „Skyscanner“ за 1,75 милијарди долари

Кинеска туристичка компанија ja купи „Skyscanner“ за 1,75 милијарди долари

skyscenner

Најголемата кинеска компанија за онлајн туристички услуги „Ctrip“ ја купува тeхнолошката компанија „Skyscanner“, соопштува „BBC“. Зделката се проценува на околу 1,4 милијарди фунти (1,75 милијарди долари).

Пребарувачот за летови „Skyscanner“, е основан во 2003-та година и со седиште во Единбург, нуди услуги на над 30 јазици и има околу 60 милиони активни корисници месечно.

Од „Skyscanner“ објавија дека продолжуваат да се управуваат независно и со истиот менаџерски тим.

„Ctrip“ е основана во 1999-та година и една од најпознатите компании во туристичкиот бизнис, додава медиумот.

„Договорот ќе ги засили моторите на долгорочниот раст и за двете компании. „Skyscanner“ ќе ја подобри нашата позиција на глобално ниво, a „Ctrip“ ќе и го предаде на „Skyscanner“ своето искуство, технологија и можности за резервации“, вели Џејмс Џиенџан Лианг, коосновач и извршен претседател на „Ctrip“.

Според зборовите на Герет Вилијамс, основач и извршен директор на „Skyscanner“, трансакцијата ќе ја приближи неговата компанија поблиску до целта да го направи патувањето можно за сите корисници ширум светот.

Продажбата доаѓа околу една година откако „Skyscanner“ објави последователна сесија инвестиции со цел проширување. Платформата доби поддршка од инвестициската компанија „Sequoia“, како и од „Yahoo Japan“.

Најголемиот инвеститор – „Scottish Equity Partners“, го поздрави договорот и изрази задоволство дека седиштето на „Skyscanner“ ќе остане во Единбург и ќе продолжи да дејствува самостојно.

„Skyscanner“ често е класифицирана како една од водечките британски технолошки компании и една од ретките т.н. „Еднорози“ во земјата – млади технолошки компании, кои се проценуваат на над 1 милијарда долари, коментира „BBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП