3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНад 900 летови откажани вториот ден од штрајкот на пилотите на „Lufthansа“

Над 900 летови откажани вториот ден од штрајкот на пилотите на „Lufthansа“

strajk lufthanza 23

Германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ откажа повеќе од 900 летови во четвртокот, на вториот ден од штрајкот на нејзините пилоти, кој треба да продолжи и во петокот.

По откажувањето на 876 летови во средата, уште 912 летови, од кои 82 се летови на долги дестинации, нема да бидат остварени во четвртокот, со што се погодени околу 115.000 патници, сите со место на поаѓање или пристигнување во Германија, предупреди во средата компанијата „

Германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ откажа повеќе од 900 летови во четвртокот, на вториот ден од штрајкот на нејзините пилоти, кој треба да продолжи и во петокот.

По откажувањето на 876 летови во средата, уште 912 летови, од кои 82 се летови на долги дестинации, нема да бидат остварени во четвртокот, со што се погодени околу 115.000 патници, сите со место на поаѓање или пристигнување во Германија, предупреди во средата компанијата „Lufthansа“.

Синдикатот на пилотите „Cocpit“ веќе предупреди дека штрајкот ќе продолжи и во петокот, овој пат и на кусите летови. Бројот на летови чиишто откажување се предвидува за петокот ќе биде познат подоцна во текот на четвртокот.

Поради одбивањето да бидат зголемени нивните плати веќе пет години и големиот пад на куповната моќ поради инфлацијата, додека компанијата остварувала профит, синдикатот бара просечна ретроактивна ревалоризација од 3,66 отсто годишно, многу повеќе од 2,5 отсто на шест години како што предлага управата на „Lufthansа“.

Станува збор за четиринаесетти штрајк на пилотите на „Lufthansа“ од 2014 година. Според таблоидот Bild, секој ден од штрајкот ја чини компанијата приближно 10 милиони евра.

Другите компании ќерки на „Lufthansа“, како што се „Eurowings“, „Germanwings“, „Swiss“, „Austrian Airlines“, „Air Dolomiti“ и „Brussels Airlines“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП