15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ќе нуди бесплатни билети

Ryanair ќе нуди бесплатни билети

ryanair-aircraft-(12)

Авиокомпанијата Ryanair планира наместо промотивните, наскоро да почне да дели бесплатни билети за сите оние што сакат да летаат со нив, соопшти шефот на ирската компанија Мајкл О’Лери.

Тој рече дека очекува до 2026 година неговата компанија да продава билети за своите летови по цена од нула долари основна тарифа, а приходи ќе имаат од продадените концесии.

„Имам визија дека во следните пет до десет години билетите за летовите на Ryanair ќе бидат бесплатни“, рече О’Лери и додаде дека во тој случај летовите би биле полни, а дека тие би имале заработка од аеродромските приходи, значи од сите луѓе што ќе поминат низ аеродромот и кои ќе имаат удел при купувањето во малопродажба на аеродромите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП