26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд и Легија испишаа историја, победа со пресврт на Јувентус (видео)

Дортмунд и Легија испишаа историја, победа со пресврт на Јувентус (видео)

14109180695834bc6386851720602501_w640

Историски меч во Дортмунд, триумф со пресврт на Јувентус во Севилја, тешка победа на Реал во Лисабон и поразот на Тотенхем од Монако го обележаа петтото коло во Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х.

Борусија Дортмунд и Легија, во вторникот, влегоа во историјата на Лигата на шампионите, откако го одиграа мечот со најмногу постигнати голови во ова натпреварување. Борусија победи 8:4, предводена од капитенот Марко Ројс кој го одигра првиот меч по повеќемесечната пазуза поради повреда.

Претходниот рекорд беше поставен в 2003 кога Монако ја порази Ла Коруња 8:3.

Покрај трикратниот стрелец Ројс, два гола за Борусија постигна Кагава, а по еден Дембеле, Сахин и Пашлак. Пријовиќ постигна два гола за Легија, а по еден Кухарчик и Николиќ.

Во оваа Ф група Реал победи во Лисабон 2:1, со голот на Бензема во 83.минута. Претходно Варан постигна гол за 0:1, а израмни Адријан Силва од пенал во 80.минута.

Спортинг од 64.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Переира.

Борусија и Реал имаат по 13 бодови и во последното коло, во меѓусебниот дуел во Мадрид, ќе решат кој ќе биде прв во групата.

Монако на коло до крајот во Е групата го обезбеди првото место со победата над Тотенхем 2:1 Фалкао не реализираше пенал во 10.минута, поради што првиот дел заврши без голови. Во второто полувреме најпрвин Сидибе погоди за 1:0, потоа израмни Кејн од пенал, но само што тргнаа од центарот играчите на Монако го постигнаа вториот гол преку Лемар.

ЦСКА и Леверкузен одиграа 1:1. Рускиот тим ги загуби сите шанси за пласман понатаму. Леверкузен постигна гол преку Фоланд, а израмни Начо од пенал.

Лестер, дебитантот во Лигата на шампионите, си ја осигура првата позиција во Г групата. Англискиот првак го победи Бриж со 2:1 со головите на Кагава и Марез од пенал. Искиердо беше стрелец за Бриж/

Копенхаген и Порто одиграа натпревар без вистински шанси кој заврши без голови.

Јувентус, во еден тензичен меч успеа да направи пресврт во финишот и да ги однесе бодовите од Севилја. Пареха со волеј го совлада Буфон за 1:0 во деветтата минута. Потоа Франко Васкес во рок од пет минути доби два жолти картони и во 36.минута ја напушти играта.

Судијата Клатенбург досуди пенал за Јувентус во втората понута од надополнувањето на времето во првиот дел. Маркизио постигна гол за 1:1.

По еден час игра поради жестоки потести Клатенбург го исклучи и домашниот тренер Хорхе Сампаоли.

Во финишот на мечот Бонучи му донесе предност на Јувентус во 84.минута, а десет минути подоцна Маџукиќ ги постави конечните 1:3.

Лион во Загреб со тешка мака стигна до победа. Лион славеше 1:0 со голот на Лаказет во 72.минута.

Јувентус е прв со 11 бодови и во последното коло со победа над Динамо ќе го завери првото место, додека Лион на Лион против Севилја ќе му биде потребна победа од ва гола разлика за да стигне до второто место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП