28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУспешно интервју за работа

Успешно интервју за работа

C

Одлуката за вашето вработување, работодавецот ќе ја донесе во првите 15 минути разговор со вас. Прочитајте каде најмногу грешите? Припазете на постапките и на грешките кои можете не намерно да ги направите поради желбата да оставите што подобар впечаток. Еве кои грешки се најчести:

 

„ ЗА ОВАА РАБОТА ОДАМНА СОНУВАВ”

Дури и ако тоа навистина го мислите, немојте да го кажувате на глас, бидејќи повеќето работодавци со оваа изјава нема да ја воочат вашата вистинска желба за оваа работа, туку ќе слушнат нешто што го  чуле многу пати до сега. Едноставно, нема да ги импресионирате. Исто така, заборавете ги фразите кои веќе станаа досадни – јас сум тимски играч, амбициозна, можам да работам и под притисок…и секако пробајте на свој начин да ги презентирате вашето знаење и способностите.

 

РАЗГОВОР ЗА СЛОБОДНИ ДЕНОВИ

Можеби вам ви се чини искрено ако му кажете на вашиот потенцијален шеф дека со момчето сте уплатиле крстарење следниот месец. Интервјуто за работа навистина не е добар тајминг за да разговарате во врска со користење на слободни денови (колку и да ви даде, тие слободни денови вам ви припаѓаат законски).

 

ИЗГЛЕДАТЕ ПРЕМНОГУ АТРАКТИВНО

Секси изгледот е најголемата грешка која можете да ја направите. Не морате да изгледате како „Грдата Бети”, но високите потпетици, мини здолништето и деколтето оставете ги во плакарот.

 

ЗАБОРАВИВТЕ ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ МОБИЛНИОТ

Неочекуваниот повик или смс пораката можат во истата секунда да ги уништат вашите шанси за работа. Имајте на ум дека пред да влезете во канцеларијата на вашиот потенцијален шеф, нема ништо да ве предупреди дека треба да го исклучите мобилниот. На тоа морате да мислите сами. Инаку било каков пропуст, може лесно да ве исфрли од листата на кандидатите кои се влезени во потесниот круг.

 

ЗАДОЦНИВТЕ

Воопшто не е важна причината. Нема оправдана причина поради која смеете да задоцните на интервјуто за работа! Ви се расипала колата, автобусот доцнел, сте го свиткале зглобот, а ни фирмата не сте можеле лесно да ја пронајдете. Работодавците знаат за што точно се работи, бидејќи не е прв пат да слушаат вакви приказни. Ако не ви е во пракса да доцните, предвидете што би можело да ви се случи и тргнете кон саканата локација малку порано. Не е страшно ако почекате пред зграда или се прошетате во околината ако порано пристигнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП