3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen ќе отпушти 23.000 работници

Volkswagen ќе отпушти 23.000 работници

folku3344

Автомобилскиот производител „Volkswagen“ постигнал клучен договор со вработените да скрати околу 23 илјади работни места и да заштедат трошоци од 3,7 милијарди евра, додека се обидува да се опорави од скандалот со штетните гасови и инвестира во електрични возила, тврдат извори запознаени со прашањето, цитирани од агенциите.

Намалувањето ќе влијае на брендот „VW“ и ќе се случи постепено, а германскиот производител се согласил да не ги прави принудните кратенки до 2025-та година, коментираат извори кои посакале анонимност, пред официјалната прес-конференција на компанијата, која ќе се одржи денес.

До одлуката дошло доцна во средата по месеци интензивни преговори, а дополнителните штедења во рамките на групата биле прецизирани во четвртокот, дополнуваат изворите.

Договорот е од клучно значење за напорите на „Volkswagen“ да го забрза преструктуирањето на својата најголема поделба и да ја надмине најлошата криза во својата историја. Брендот „VW“ кој носи речиси половина од продажбата на групата, имаше проблеми уште пред избивањето на кризата во минатата година, која нанесе удар врз угледот на компанијата и доведе до најмалку 18,2 милијарди евра трошоци за парични казни и поправки.

Добрата вест за вработените беше согласноста на „VW“ да не ги прави принудните кратенки до 2025-та година и да создаде две целосно електрични возила во германските фабрики, откриваат изворите. Отпуштањата на работници ќе се случат преку предвремено пензионирање, а при напуштање на луѓе од делот, „VW“ нема да вработуваат нови на нивно место.

Наместо тоа ќе бидат отворени 9.000 позиции за нови проекти, како електрични и дигитални функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП