8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуската компанија Alrosa светски рекордер во продажба на дијаманти

Руската компанија Alrosa светски рекордер во продажба на дијаманти

alrosa_6

Необработени дијаманти во вредност од 430 милиони долари продала во октомври руската фирма „Alrosa“.

Од компанијата додаваат дека минатиот месец оствариле продажба на пазарот обработени дијаманти во вредност од 8,2 милиони долари.

Побарувањето е најголемо од Индија, САД, Кина и Велика Британија.

Руската компанија е најголем производител на необработени скапоцени камења во светот. Тие се добиваат од регионите во Јакутија, Архангелската област и Алтај регионот.

Минатата година се ископани 38,3 милиони вредни камења што донеле приходи за компанија во вредност од 3,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП