3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековит засладувач

Лековит засладувач

zp-med-shutterstock_620x0

Како зaсладувач медот има голема предност во однос на шеќерот бидејќи не ги надразнува ѕидовите на желудникот и цревата, брзо се апсорбира во крвта и е одличен извор на сила и виталност.

Освен тоа, ја олеснува правилната работа на бубрезите, има релаксирачко дејство бидејќи делува смирувачки на нервниот систем. Луѓето во средните години кои редовно консумираат мешавина од мед и цимет во еднакви делови, се поподвижни и повитални.

Во комбинација со поленот, медот е исклучително природно средство за подигнување на работниот елан и тој елиминира разни вируси. За да го подготвите овој лековит напиток ставете една пластична ќесичка полен во стаклена чаша со малку вода, поклопете ја и оставете ја така да преноќи. Наредното утро во чашата со полен додадете 1-2 лажички мед и налијте до врвот со млака вода. На крајот додадете уште 25 капки прополис, помешајте и испијте. Ќе бидете поздрави од било кога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП