20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдсега љубителите на вистинско италијанско еспресо ќе уживаат во нов избор!

Одсега љубителите на вистинско италијанско еспресо ќе уживаат во нов избор!

aak

Италијанскиот интернационален бренд “Tonino Lamborghini” официјално ја најави нивната соработка со “А&Е Груп Корпорејшн” на македонскиот пазар.

На 9.11.2016 во Александар Палас се одржа презентација на палетата на “Tonino Lamborghini” производите и тоа кафе, топло чоколадо и чаеви.

“Сигурни сме дека брендот “Tonino Lamborghini” е светски познат и моќта на самиот бренд заедно со новите партнери ќе ни помогне побрзо да се распространиме и на вашиот пазар. Знаеме дека конкуренцијата е огромна на ова поле, но сигурни сме дека покрај нашиот бренд – немаме вистински конкуренти“, изјави Џанандреа Дамјани, интернациоален менаџер од “Ламборгини груп”.

А&Е груп е компанија која за прв пат во Македонија го доби правото да увезува и продава производи од палетата на Tonino Lamborghini и тоа кафе, топли чоколада и чаеви.

aad

“Нaшата цел и мисија како компанија е да им понудиме на нашите потрошувачи еден поинаков избор кој се обликува со стил, врвен квалитет и традиција. Нашата обврска е да им овозможиме на сите оние кој што досега немаа можност на нашиот пазар да пробаат нешто навистина автентично и вредно”, изјави менаџерот Никола Илиевски.

aac

Од денес па натаму сите заинтересирани купувачи можат да се јават и да ги купат производите во продажните простории на А&E Груп Корпорејшн на Ул. Наум Наумовски Борче бр.40 1/5 во деловната зграда “Кубус” или да ја посетат нивната веб страна www.aegroup.mk.

aag

aaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП