22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлично спроведена еколошка акција на компаниите Пакомак и Капитал

Одлично спроведена еколошка акција на компаниите Пакомак и Капитал

IMG_7890

Со цел да се подигне јавната свест за негативното влијание на амбалажниот отпад  врз животната средина, да се промовира поодговорен однос од компаниите, како и од секој поединец, Пакомак и бизнис магазинот Капитал иницираа заедничка еколошка акција за чистење отпад на кејот на реката Вардар.

Вработените во овие две компании заедно со своите семејства, го собираа отпадот и селективно го фрлаа во посебно означените контејнери за хартија, пластика и стакло, покажувајќи грижа за нашата околина, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за нас и идните поколенија.

IMG_7855

Пакомак“ има за цел да ја подигне општата еколошка свест кај граѓаните, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, бидејќи така се штедат природните ресурси кои се ограничени. Досега поддржавме бројни еколошки настани и акции за чистење на отпад, дониравме опрема, а со едукација и подршка ќе продолжиме и понатаму. И понатаму ќе соработуваме со локалната самоуправа во развој на комуналната инфраструктура, со цел да го олесниме процесот на селективното фрлање на отпадот. Пакомак има зелена мисија, а тоа е почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почиста животна средина. За ова да се оствари треба сите и локално да дејствуваме ” изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак.

IMG_7885

Само во 2012 година преку системот на Пакомак беа лиценцирани над 40.000 тони отпад, а беа рециклирани над 7500 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП