Чистата добивка на рускиот гасен монопол „Газпром“ за периодот јануари-септември 2016-та година се намалила над 2 пати до 75,417 милијарди рубљи (околу 1,1 милијарди долари) во однос на 169,753 милијарди рубљи во истиот период од минатата година.

Приходите на компанијата се намалиле за 10% до 2,775 илјади милијарди рубљи, се наведува во финансискиот извештај.
Истовремено приходите на 17-те членото раководство на концернот во истиот период се зголемиле за 22,3% до 2,128 милијарди рубљи за првите девет месеци од 2015-та година, шефовите на „Газпром“ заработиле 1,74 милијарди рубљи.
Приходите вклучуваат плата, премии и плати за учество во органите за управување на „Газпром“.
Според објавените материјали вкупната плата на шефовите на концернот за деветте месеци од годинава е еднакво на 959,94 милиони рубљи, а вкупните премии – 1,123 милијарди рубљи.
Од јануари до септември „Газпром“ го зголеми извозот на гас за Западна Европа со 8,8% до 103,25 милијарди кубни метри спрема 94,923 милијарди кубни метри од претходната година, се вели во извештајот.