27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Нов пораз на МЗТ

АБА: Нов пораз на МЗТ

krka-1-696x463

Кошаркарите на МЗТ загубија во деветото коло, во АБА лигата, од Крка 97-87. Поразот во Ново Место е седми за македонскиот првак во регионалното натпреварување.

МЗТ имаше шанса за позитивен резултатат, но не успеа да го искорисити моментумот во вториот период кога имаше предност од девет поени (34-43). Со серијата технички грешки „металците“ му овозможија серија 8-0 на домаќинот и негатива на полувреме од само еден поен.

Клучна, за конечниот победник беше третата четвртина, поточно серијата на Крка 15-0 во само четири минути. Од 23. до 27.минута Крка од 48-49, стигна до 63-49.

Домашниот тим во последниот период стигна и до максимални 19 поени, а во финишот МЗТ успеа да избори поднослив пораз.

Ребец и Луковиќ со 24, односно 19 поени ја предводеа Крка, додека кај МЗТ најефикасни беа Кларк со 16, Тејмс со 15 и Дијабате со 14 поени.

МЗТ, во наредното коло на 18.ноември, ќе го пречека тимот на ФМП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП