29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ издаде еврообврзници за 1 милијарда евра

„Газпром“ издаде еврообврзници за 1 милијарда евра

gaz71267773

„Газпром“ издаде емисија еврообврзници во вредност од 1 милијарда евра при принос од 3,125%, соопшти Лондонската берза. Рокот за отплата на исправите е 17-ти ноември 2023-та година.

Средствата собрани при берзанската операција, ќе бидат искористени за корпоративните потреби, беше соопштено уште во пораката од компанијата.

Емисијата беше ослободена од друштвото „Gaz Capital“ кое е регистрирано во Луксембург што е дел од структурата на „Газпром“.

Според информации на руската агенција „РБК“, побарувачката на еврообврзниците на „Газпром“ ја надминала понудата. Биле направени побарувања за 1,35 милијарди евра.

Агенцијата потсетува уште дека во март 2016-та година „Газпром“, исто така издаде обврзници, но за 500 милиони швајцарски франци при принос од 3,375%. Исправите се со рок на достасување во ноември 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП