3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry забележа пад од 40% на добивката за првото полугодие

Burberry забележа пад од 40% на добивката за првото полугодие

burberu3

Британскиот производител на луксузни стоки „Burberry“ забележа 40% пад на профитот за првото полугодие во позадина на повисоките трошоци. Ова го истакнува постојаниот предизвик пред главниот извршен директор Кристофер Бејли, покрај тврдењата на компанијата дека постигнува напредок во планот за реконструкција, објавен во мај.

Британската компанија објави дека профитот пред даноци за првите шест месеци од годината е 72 милиони фунти (90 милиони. Долари) во однос на 119,5 милиони фунти пред една година. Врз резултатите влијание имаа отпишувањето и трошоците за реструктуирање. Други трошоци на компанијата, исто така, се зголемуваат поради падот на фунтата по гласањето за „Brexit“.

Приспособениот профит пред даноци се намалува за 24% на годишна основа, а се исклучат монетарните движења, до 146 милиони фунти, што се совпаѓа со очекувањата на аналитичарите.

Извештајот на „Burberry“ излезе во исто време, кога стана јасно дека Доналд Трамп е новиот претседател на САД. Заради резултатите од гласањето се очекува доларот да продолжи да поевтинува, а тоа ќе изврши притисок врз приходите на меѓународните компании со значителен бизнис во САД. Околу 20% од приходите на „Burberry“ доаѓаат од САД.

Бејли, кој ќе остане извршен директор на „Burberry“ до следното лето кога ќе биде заменет од Марко Гобети, објави во мај план за реструктуирање. Планот ќе доведе до заштеди во износ од најмалку 100 милиони фунти годишно – еквивалент на околу 10% од оперативните трошоци без фиксното изнајмување и девалвација, до фискалната 2019-та година, наметнување „значителни промени“ врз начинот на кој компанијата работи. Според аналитичарите овој план е премногу амбициозен.

Компанијата сепак вели дека е на пат да ја постигне оваа цел, а во фискалната 2017-та година ќе се реализираат заштеди од 20 милиони фунти.

„Burberry“ ја зголеми дивидендата со 3% до 10,5 пени. Компанијата ги потврди и очекувањата за годишната добивка пред даноци, а се очекува поддршка од девизните курсеви врз основа на последните промени на курсевите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП