23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоја е компанијата со близу 85 милијарди долари кеш?

Која е компанијата со близу 85 милијарди долари кеш?

bafka33

Ворен Бафет има повеќе кеш од било кога. Фондот на милијардерот „Berkshire Hathaway“ има речиси 85 милијарди долари на 30-ти септември, покажуваат документите поднесени до американската Комисија за хартии од вредност и берзите (SEC), пренесува „Bloomberg“. Така се забележува зголемување во однос на претходниот рекорд од 72,7 милијарди долари од 30-ти јуни.

„Тој има доста „муниција“ за инвестирање. 85 милијарди долари се многу пари“, смета Бил Смед од „Smead Capital Management“.

Резултатите отвораат нов круг од шпекулации за тоа во што ќе инвестира сега 86-годишниот милијардер. Во последните 5 децении компанијата со седиште во Омаха стана во огромен конгломерат преку десетици превземања и специфичен избор на акции. Сега „паричникот“ од акции се проценува на приближно 100 милијарди долари, а компаниите подружници се движат од „Dairy Queen“ до „NetJets“.

Оперативната добивка се зголемува со 6,6% во третиот квартал до 4,85 милијарди долари, или 2,951 долари по акција, а растот е управуван главно од бизнисот со производство. Овој резултат не одговори на очекувањата на тројцата економисти анкетирани од „Bloomberg“, за профит од 3,058 долари по акција. Нето добивката падна за 24% во однос на една година претходно, кога Фондот забележа голем пораст поради инвестицијата во „Kraft Heinz“.

Оваа година Бафет во листата со стекнати компании го додаде производителот на батерии „Duracell“, како и „Precision Castparts Corp.“, која беше едно од неговите најголеми превземања досега направени.

bafka34

Овие две компании го зголемија профитот во сегментот на производството, услугите и трговијата на мало со 45% до 1,7 милијарди долари за третиот квартал. Вкупната добивка за останатите компании од групата опаѓа, се вели уште во документите доставени до регулаторот.

Се разбира не сите 84,8 милијарди долари во кеш ќе бидат инвестирани. Бафет најави дека сака да задржи најмалку 20 милијарди долари за неповолни ситуации. Неговата компанија е важен играч во реосигурувањето – бизнис кој бара одвојување на поголеми средства при природни катастрофи или други катастрофални настани.

Еден од најдобрите начини Бафет да ги искористи парите во готово, со кои располага, е да купи акции на сопствената компанија, смета Џим Шанахен, аналитичар во „Edward Jones“.

На 30-ти септември сметководствената вредност на една акција е 163,783 долари. Во петокот, 4-ти ноември, акциите класа „А“ на „Berkshire“ се затворија по цена од 214,545 долари за акција, или близу со 31% над сметководствената вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП