1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХербалајф во Европа лансира нов производ за здраво срце

Хербалајф во Европа лансира нов производ за здраво срце

herba3335

Глобалната нутриционистичка компанија Хербалајф го најави лансирањето на Beta heart®, новиот производ создаден да помогне во намалување или одржување на холестеролот во крвта.

Beta heart®, новиот производ од Хербалајф, е наменет за 54% од Европејците кои имаат висок холестерол – состојба која е причина за 4,5% од смртноста на глобално ниво (што претставува 2.6 милиони луѓе) според Светската здравствена огранизација.

„Горди сме што на луѓето во Македонија им го носиме Beta heart®, производ што го помага здравјето на срцето како и го поддржува целосниот активен животен стил“, изјави Еди Хајнрич, Сениор Потпретседател и Генерален директор на ЕМЕА, Хербалајф. „Бета харт® претставува едно од најновите откритија во областа на науката за исхрана и е дополнителен пристап до квалитетна исхрана.“

„Со годинешната тема на Светскиот ден на срцето, ‘Поттикнување на луѓето да имаат здраво срце’, овој нов производ е одличен пример за тоа како луѓето можат да ја преземат контролата на здравјето на срцето со контролирање на нивото на холестерол.“

Прашокот со вкус на ванила ја содржи клучната состојка овесен бета-глукан, OatWellTM. Овесниот бета глукан докажано го намалува и одржува холестеролот во крвта. Високиот холестерол е фактор со ризик во развојот на коронарните, срцеви болести. Ефектите на бета глуканот на холестеролот во крвта се потврдени во повеќе од 55 клинички испитувања.

Бета харт® е дел од посветеноста на Хербалајф да ги инспирираат луѓето низ целиот свет да водат здрав, активен живот. Производот првпат беше објавен последниот викенд од септември, на Европскиот настан за членовите на Хербалајф во Прага. Бета харт® е достапен исклучиво преку компаниската мрежа од независни членови.

За Beta Heart

Beta heart® е нутритивен прашок со вкус на ванила којшто ја содржи клучната состојка OatWell™, овесен бета глукан. Овесниот бета глукан докажано го намалува или одржува холестеролот во крвта.*

1 или 2 лажици дневно измешани со вода, овошен сок или додадени на Формула 1 шејкот. Крајниот ефект се добива со дневна доза од 3 грама овесен бета-глукан.

*Овесниот бета-глукан докажано го намалува холестеролот во крвта. Високиот холестерол е фактор со ризик во развојот на коронарните, срцеви болести. Бета-глуканот придонесува за одржување на нормално ниво на холестеролот во крвта. Посакуваниот ефект се постигнува со дневна доза од 3 грама овесен бета-глукан. Коронарната, срцева болест има повеќе фактори на ризик и менување на еден од овие фактори на ризик може или не може да има корисен ефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП