19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse забележа изненадувачка добивка за третиот квартал

Credit Suisse забележа изненадувачка добивка за третиот квартал

credit-suisse-re-e1462866694348

„Credit Suisse Group“ забележа изненадувачка добивка за третиот квартал со поддршка на сите главни единици, откако извршниот директор Тиџане Тиам продолжува да ги намалува трошоците и да скратува работни места, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката е намалена до 41 милиони швајцарски франци од 779 милиони франци пред една година, изјави банката со седиште во Цирих. Аналитичарите предвидуваат загуба од 150 милиони франци, покажува средната проценка од 7 мислења во анкетата на „Bloomberg“. Соодносот на основниот капитал од прв ред се зголемил до 12% од 11,8% на крајот на јуни.

Откако ја презеде функцијата минатата година, Тиам скрати илјадници работни места, намалувајќи ги нагло ризичните активи со што го ограничи бизнисот со хартии од вредност и вети дека ќе се фокусира повеќе на управувањето со парите на богатите, за да го зајакне профитот. 54-годишниот извршен директор рече дека иако изгледите остануваат „предизвикувачки“, вториот по големина швајцарски кредитор е на пат да ги надмине своите цели за намалувањето на трошоците во оваа година.

„Credit Suisse“ изгубила околу 39% од пазарната вредност од почетокот на годината. Иако цената на акциите успеаа да се опорават донекаде од јули наваму, кога достигнаа рекордно дно од 9,76 франци, таа се уште е со 48% пониска откако Тиам го замени Брејди во јули 2015-та година.

„Credit Suisse“ објави дека трошоците за реструктуирање изнесуваат 145 милиони франци во третиот квартал.

Азиско-пацифичката поделба предвиде добивка пред даноците во висина од 152 милиони франци спрема 162 милиони франци година порано со нови нето средства за 4,6 милијарди франци. Бизниси со управување на благосостојбата предвиде профит од 245 милиони франци спрема 197 милиони франци во минатата година со нови нето средства за 4,4 милијарди франци.

Единицата за глобалните пазари, во која се наоѓа трговијата со хартии од вредност, забележа добивка пред даноците за 87 милиони франци спрема 263 милиони франци на годишна основа. „Credit Suisse“ сепак заработила помалку од обновата на трговијата со обврзници во споредба со другите свои колеги, а приходите од трговијата со обврзници се зголемија за само 3% до 719 милиони франци. Приходите од тргување со акциите се намалија со 38% до 324 милиони франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП