6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен кредитниот рејтинг на “А“ за Триглав осигурување

Зголемен кредитниот рејтинг на “А“ за Триглав осигурување

triglav-999

По рејтинг агенцијата S&P Global Rating и агенцијата А.М. Best го подобри кредитниот рејтинг.

Во рамките на редовната годишна ревизија, Агенцијата за кредитен рејтинг A.M. Best ги зголеми рејтинзите за финансиска моќ од “А-“ на “А“ (Одличен) и за кредитната способност на издавач од “а-“ на “а“ (Одличен) на Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, која што е најголема осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, како и на нејзиното друштво за реосигурување, Позаваровалница Триглав Ре. Кредитните рејтинзи на обете компании имаат стабилна среднорочна прогноза. Високите кредитни рејтинзи ѝ обезбедуваат на Групацијата Триглав соодветна конкурентна позиција на осигурителните, реосигурителните и финансиските пазари, бидејќи ја потврдуваат нејзината финансиска моќ и успешноста во работењето. Успешното работење, кое што е една од најважните стратешки цели на Групацијата Триглав, беше постигнато во 2016–та година со дополнителното подобрување на самостојните кредитни рејтинзи на позицијата “А“ од страна на двете рејтинг агенции (S&P Global Ratings и A.M.Best), коишто ја оценуваат Групацијата Триглав.

Кредитните рејтинзи од A.M. Best се одраз на одличните перформанси на компанијата во континуитет во последните пет години, водечката позиција на словенечкиот пазар, како и исклучителната препознатливост на брендот Триглав во регионот. Според A.M. Best, работењето на компанијата на домашниот пазар е под влијание на подобрените, но сеуште тешки пазарни услови и остра конкуренција. Компанијата, според А.М.Best, во првата половина од оваа година имаше добри перформанси на пазарите на пензиско и здравствено осигурување. Според агенцијата, компанијата има воспоставено целосен систем за управување и селективно превземање на ризици, којшто, според нивните очекувања, во иднина уште повеќе ќе се подобрува. А.М.Best ја зголеми бонитетната оценка на матичното друштво исто така и како резултат на цврстата капитализација на Заваровалница Триглав, прилагодена на ризици. Се очекува Заваровалница Триглав да продолжи со внимателното управување со капиталот и одредената политика за дивиденди, кои што ќе придонесат кон зацртаната адекватност на капиталот на Групацијата Триглав.

Дополнително, агенцијата за кредитен рејтинг ги подобри рејтингот за финансиска моќ и долгорочниот кредитен рејтинг на компанијата ќерка, Позаваровалницата Триглав РЕ, д.д. на „А„ и на “а“ соодветно, со што ја потврди нејзината клучна улога како реосигурувач на сите друштва од Групацијата Триглав. Овие рејтинзи исто така имаат стабилна среднорочна прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП