3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДизелгејт ги одложува Audi Q4 и новиот A3?

Дизелгејт ги одложува Audi Q4 и новиот A3?

logo-audi3353

„Audi“ ќе ги промени датумите за претставување на некои од новите модели со оглед дека инженерите на овој производител се премногу ангажирани со отстранување на недостатоците кај дизел автомобилите кои се опфатени од аферата со лажирањето на тестовите на издувните гасови, пренесуваат „Automotive News Europe“ и „Auto Motor und Sport“.

Се наведува дека одложувањето ќе ги погоди следната генерација на компактниот хечбек „A3“, но и целосно новиот кросовер „Q4“.

Како што пишува „Auto Motor und Sport“, повикувајќи се на извор од „Audi“, инженерите доцнат со развојот на новите модели базирани на „MQB“ механичката платформа. За сега не е познато кога ќе биде претставен наследникот на актуелниот „Audi A3“, кој претрпе редизајн на почетокот на годината, и кој според вообичаената динамика за промена на генерациите на пазарот би требало да пристигне 2018-2019-та.

Од друга страна, „Audi Q4“, кој е заснован на концептот „TT Offroad“ од 2014-та, нема да добие продукциска верзија пред 2021-ва, тврди германскиот автомобилски магазин. „Q4“ e важен за „Audi“ со цел да фати приклучок со „Mercedes“ и „BMW“ кои во сегментот на кросовер/SUV возила имаат широка понуда на модели.

Германскиот производител засега одбива официјално да ги коментира овие информации кои се појавија во медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП