27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер преку Skype му врачил отказ на Де Бур

Интер преку Skype му врачил отказ на Де Бур

otkaz-inter34

Фудбалскиот клуб Интер му врачи отказ на тренерот Франк де Бур поради серијата на лоши резултати кои клубот го сместија на 11-то место во Серија А со 14 бодови, пренесе Sky Sports.

Франк де Бур, во август, две недели пред стартот на првенството, го презеде тимот од Роберто Манчини, но тој не успеа да одговори на предизвикот. Интер, во сите натпреварувања, под водство на Де Бур, одигра 14 натпревари и забележа седум порази.

Управата на Интер, минатата недела го поддржа Де Бур, но откако тимот во неделата загуби од Сампдорија, сопствениците од Кина го сменија мислењето.

Италијанските медиуми пренесоа дека утрово отказот на Де Бур му бил врачен преку Skype и дека тренингот го водел тренерот на малдинскиот тим Стефано Веки.

Меѓу најсериозните кандидати за нов тренер на Интер фигуираат Андре Вилас-Боаш и поранешниот тренер на Лацио, Стефано Пиоли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП