17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFisker конечно го покажа новиот автомобил

Fisker конечно го покажа новиот автомобил

fisker399

„Fisker Inc.“ конечно го покажа новиот електричен автомобил – „EMotion“, кој треба да е поуспешен од претходниот модел на Хенрик Фискер, „Karma“. Дигиталните ренери укажуваат на седан со четири врати и форма на купе, спортско емитување и поагресивна предница во споредба со „Karma“.

Неколку елементи од дизајнот го покажуваат односот на „EMotion“ со претходниот модел на дизајнерот, кој сега е во сопственост на кинеската компанија „Wanxiang“ која се зафати со задачата да го заживее моделот „Karma“. Од „Fisker Inc.“ ветуваат „рекордна километража со едно полнење меѓу сериските електрични“ и „батерии со технологии кои ќе ја променат индустријата“.

Во исто време „EMotion“ треба да им обезбеди на патниците повеќе простор во кабината во споредба со директните пазарни ривали. Слично на „Tesla“, навлегувањето на компанијата на пазарот ќе се случи прво во премиум сегментот, по што „Fisker“ ќе создаде нови поевтини модели.

Хенрик Фискер тргна по друг пат во споредба со другите компании во однос на батериите. Наместо да работи со некој од големите производители, „Fisker Inc.“ создаде сопствена единица за развој на батерии – „Fisker Nanotech“.

Ако ветувањата на Хенрик Фискер се исполнат, тогаш неговиот нов електромобил треба да има километража од над 600 километри со едно полнење. „Fisker“ мораше да го запре производството на „Karma“ во 2012-та, кога банкротираше производителот на батерии. Аналитичарите ја оценуваат промоцијата на „EMotion“ како сериозен ризик, бидејќи досега сите „алтернативни технологии“ за развој на батерии се покажаа како неуспех во споредба со литиум-јонската технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП