23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе понуди уште еден роднина на GT-R (фото)

Nissan ќе понуди уште еден роднина на GT-R (фото)

nsentra33

Јапонскиот производител „Nissan“ продолжува да го почитува ветувањето редовно да го пополнува спектарот на свои „надуени“ автомобили од работилницата „Nismo“.

Следен од нив ќе биде доработената верзија на седанот „Sentra“ кој не е достапен во Европа, но пак е популарен во САД и Азија.

Уште во 2013-та година компанијата претстави концептуален модел, доработен од „Nismo“, но тогаш раководството на „Nissan“ не беше убедено во профитабилноста на сличен автомобил. Три години подоцна мислењето на шефовите се смени и „Sentra Nismo“ е подготвен за сериско производство.

nsentra34

Официјална информација за возилото се уште недостасува, но според гласините „Sentra“ ќе добие 1,8-литарски турбомотор кој развива 240 КС. Тој работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач и диференцијал со зголемено триење. Погонот на предните тркала ќе се задржи, а значително ќе биде подобрена аеродинамиката на машината.

Најверојатно „Sentra Nismo“ ќе биде претставен уште во ноември за време на автосалонот во Лос Анџелес. Прототипот на „надуениот“ седан веќе беше забележан за време на тестирањата во Калифорнија, што покажува дека неговото деби најверојатно ќе се одржи токму таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП