27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Одиме чекор по чекор, размислувам само за Украина

Червар: Одиме чекор по чекор, размислувам само за Украина

rk-metalurg-pres-pred-mec-so-motor-liga-sampioni-7

Македонската машка ракометна репрезентација, во неделата, ја започна операцијата пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018 година. Македонија во квалификациската група на 2. и 5. ноември ќе игра против Украина во Скопје, а потоа ќе гостува во Чешка.

Македонските ракометари стартуваа со подготовките со кои ќе ги започнат квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска во 2018 година. Првиот собир мина без капитенот Лазаров, Ристовски и репрезентативците кои настапуваат во германската Бундеслига, тие во текот на утрешниот ден ќе се приклучат на подготвките.

„Репрезентацијата ќе направи се што е во нејзина моќ овој квалификациски циклус да го завршиме со пласман на Европското првенство. Ќе дадеме се од себе да ја исполниме задачата и да ги одиграме добро тие две први средби. Решив да одиме чекор по чекор, значи најпрвин ќе размислуваме само за Украина и нема да правиме никакви комбинации, тоа и ќе го побарам од играчите, 100-отсто да се сконцентрираат на тој меч“, рече во своето обраќање пред новинарите селекторот Червар.

Предводникот на Македонија веќе ја анализирал играта на Украина, а во наредните два дена, откако ќе биде објавен нивниот спискок од 16 играчи кои ќе играат против Македонија, ќе претстојат и дополнителни анализи на противникот.

„Украина може да биде многу незгоден противник противник доколку пристапот против нив не биде вистински. Значи дека ние треба да се бориме за секоја топка, за секој сантиметар од теренот. Ако има страст во нашата игра, ако го оставиме срцето на теренот, тогаш можеме да размислуваме за позитивен резултат. Доколку тоа не го не го направиме Украина ќе биде незгоден противник. Никако не треба да мислиме дека Украина ќе биде лесен противник“.

Червар не пропушти да спомене дека овој квалификациски циклус, по повеќе од една деценија, во репрезентацијата ќе ги нема Миркуловски и Мојсовски и дека сега националниот тим е комбинација на младост и искуство

„Тое една комбинација на играчи кои повеќе години играат за Македонија и неколкумина помлади играчи. Но сакам да кажам дека да се игра за Македонија е нешто што е над сите клупски интереси, тоа е обврска и чест. Сакам да кажам дека овој список не е затворен, не значи дека некои играчи кои сега не се тука со нас дека нема да бидат повикани за подготвките за Светското првенство и за самото Светско првенство“, рече македонскиот селектор.

Натпреварот Македонија-Украина ќе се одигра в среда од 18:30 часот, истиот ден во вториот меч во Групата 4 Исланд ќе ја пречека Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП