3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСејзов: Сковин ги исплати лозарите за бербата во 2016-та

Сејзов: Сковин ги исплати лозарите за бербата во 2016-та

vinarija-skovin33

Винарската визба Сковин е реномирана компанија и е една од трите најголеми винарии во Македонија. Како општествено одговорна компанија СКОВИН АД Скопје е најголемиот подржувач на земјоделството кое е основна гранка во Р.Македонија.

„Согласно законот за земјоделство, Сковин редовно и доследно ги исплаќа обврските кон лозарите како за изминатите така и за оваа 2016 год, предвремено се подмирени сите обврски кон своите добавувачи на грозје, индивидуалните лозари и кооперанти. Со ова само се потврдува дека СКОВИН АД Скопје е една од најстабилните винарски визби во Македонија. Компанија која е сигурен и долгорочен партнер и која континуирано ги негува односите со лозарите и со своите добавувачи. Компанија која се грижи за заштита на животната средина“, вели Извршниот директор, Тодор Сејзов.

todor-sejzov-slika

„Оваа година СКОВИН АД Скопје ја заокружи бербата со 40% грозје добиено од сопствените лозови насади и 60% откупено од кооперанти. И оваа година квалитетот на грозјето е добар а со тоа се очекува и уште подобар квалитет на виното.  Со оглед на планираното производство и пласман, целите за оваа година се насочени кон целосна продажба и пласман на вино на своите постојани пазари како: Германија,Чешка, Хрватска, Русија, Јапонија, Србија, Словенија, Црна Гора како и  соработки со нови потецијални пазари“, додава Сејзов.

„Со цел исполнување на својата мисија и визија, а во духот на стратешкото работење винаријата Сковин и понатаму ќе продолжи со постојаниот процес на подобрување на квалитетот на своите производи преку вложување во нови технологии во процесот на производство следејќи ги најновите светски трендови, сé со цел да стане голем промотор на квалитетно македонското вино кое ќе биде препознаено и распространето не само во својата земја туку и подалеку во светот“, рече Сејзов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП