18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle значително ги зголемува трошоците и добивката

Google значително ги зголемува трошоците и добивката

google-spanija

Моќта на „Google“ во интернет бизнисот се исплати на компанијата мајка „Alphabet“ во изминатиот квартал, откако таа забележа значителен раст на приходите и профитот.

Приходите скокнаа на годишна основа од 20% до 22,45 милијарди долари, објави „Alphabet“ на крајот на берзанското тргување во четвртокот. Профитот пак се зголемува со 27 отсто до 5,06 милијарди долари. Овие бројки беа над очекувањата на аналитичарите и во проширената трговија цената на акциите скокна за 0,85%, пренесува „Ројтерс“.

Приходите од реклами на „Google“ остануваат од критична важност за бизнисот на „Alphabet“, тие скокаат со 18 отсто до 19,8 милијарди долари. Како и досега „Google“ ги заработува повеќето пари со кликнување на реклами во областа на интернет пребарувањето.

За целиот концерн важи следново – „Google“ ги заработува парите со интернет бизнисот и оперативниот систем „Android“, додека остатокот од „Alphabet“ има високи трошоци и ниски приходи. Приходите од останатите области надвор од „Google“ бележат раст од 141 до 197 милиони долари на годишно ниво и предвидоа оперативна загуба од 865 милиони долари, што сепак е подобрување во однос на 980 милиони долари во претходната година.

Финансискиот директор Рут Порат уште еднаш изјави дека ќе ги следи строго трошоците во другите оддели. Меѓу нив има некои кои дури уште не претставуваат бизнис, како што е развојот на софтвер за автономни автомобили или снабдувањето со дронови. Сепак има и такви кои се веќе на пазарот, како што „Nest“ или „Google Fiber“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП