15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm го купува конкурентот NXP за 47 милијарди долари

Qualcomm го купува конкурентот NXP за 47 милијарди долари

qulee

Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ објави дека договорил превземање на конкурентот „NXP Semiconductors“ за 47 милијарди долари , што е уште една трансакција во краток период во индустријата на производство на чипови.

Производителите на полупроводници вложуваат повеќе во т.н. „интернет на нештата“: дигитализација на секојдневните предмети како часовниците, фрижидерите и автомобилите. Индустријата сепак е под притисок од повисоките трошоци и ценовниот притисок, кои го намалуваат профитот на маргините.

Оваа средина доведе до засилен бран на консолидација. Во јули „SoftBank of Japan“ договори купувањето на производителот на чипови „ARM Holdings“ за 32 милијарди долари. Минатата година, пак „Avago Technologies“ го купи „Broadcom“ за 37 милијарди долари, а „Intel“ плати речиси 17 милијарди долари за „Altera“.

Спојувањето со „NXP“ ќе прошири досегот на компанијата со седиште во Сан Диего, „Qualcomm“.

„Qualcomm“ главно се занимава со дизајн и производство на чипови за смартфони. „NXP“, чија централа е во Холандија и се тргува на Nasdaq, е главен снабдувач на чипови се користат во „NFC“ комуникација, кој им овозможува на телефоните да комуницираат безжично со уреди, на пример ПОС терминали.

Qualcomm изјави дека очекува да генерира годишни заштеди на трошоците за 500 милиони долари во рок од две години по завршувањето на трансакцијата. Новата компанија ќе има годишни приходи од над 30 милијарди долари.

„Купувањето на „NXP“ ја забрзува нашата стратегија за проширување на нашата водечка мобилна технологија кон нови можности, каде ќе бидеме добро позиционирани како лидери, обезбедувајќи големи интегрирани решенија со полупроводници“, вели главниот извршен директор на „Qualcomm“, Стив Моленкопф во соопштението.

Согласно договорот инвеститорите во „NXP“ ќе добијат по 110 долари во кеш за секоја сопственост од нив акција. Тоа е за 11% повеќе од цената по која ги затворија акциите на „NXP“ во средата. Без долговите понудата ја проценува „NXP“ на околу 37 милијарди долари.

Гласините дека компаниите водат разговори за спојување, се појавија уште минатиот месец. Се очекува зделката, која е предмет на одобрување на регулаторите и акционерите, да заврши до крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП