19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиетнамски сос донесе милијарди

Виетнамски сос донесе милијарди

vietnamski-sos

Сосот наречен “Sriracha” е црвена мешавина, спакувана во проѕирно шише со карактеристично зелено капаче и петел како заштитен знак.

Дејвид Трен (68), основач на “Хуј Фонг Фуд”, кој произведува топол сос кој ги освои американците во целост, дури и во 1980 година како виетнамец во Лос Анџелес започнал бизнис не знаејќи дека тој ќе донесе милијарди.

Кога комунистите на Виетнам го окупирале јужниот дел на земјата, Трен, кој бил мајор на јужно-виетнамската армија, побегнал во САД. Откако се доселил во Лос Анџелес, не можел да најде работа, а неможел да најде ниту лут сос каков што сакал.

Не чекал поволна можност, туку ги земал работите во свои раце и направил смеса во кофа, па потоа наполнил шишиња и готовиот производ го однел до клиентите. Тој потоа основал компанија која е именувана “Хуј Фонг Фуд”. На почетокот, сите му велеле дека неговиот производ е премногу лут, и никогаш дека нема да го продаде. Сепак, тој останал цврст и не го променил составот.

“Лутиот сос мора да бите лут. Ние не правиме мајонез”, велел Трен.

Трен се води од тактиката со која “и богатиот човек го продава сосот по цена за сиромашен човек.” Со таква бизнис стратегија, и по повеќе од две децении, виетнамецот успеа да ја задржи цената на својот сос постојана. Шише од околу 820 милилитри чини четири долари во трговијата на големо.

Како што растела компанијата, се поврзувала со различни дистрибутери и внимателно го следеле процесот.

Во 2007 година компанијата го продала целиот сос и не останала ниту една пиперка повеќе од потребните за да се направи сосот на три месеци пред крајот на годината. Луѓето кои го сакале сосот кренале паника и почнале да прават залиха бидејќи се уплашиле да не останат без својот омилен додаток во јадењето. Под притисок од клиентите, Трен размислувал да купи обични пиперки и да ја ризикува лутината и автентичниот вкус на својот производ.

Одлуката била тешка, но тој одлучил да почека за да го задржи квалитетот на производот. Тој им објаснил на клиентите дека треба да почекаат, и тие го сториле тоа. Компанијата не ги изгуби своите клиенти. Оттогаш произведува одредена количина, која секогаш е однапред распродадена.

Со текот на годините се појавиле многу копии од сосот, а Трен не може да го заштити името на сосот, бидејќи тоа е име на град во Тајланд.

Исто така, Трен не е  заинтересиран за проширување на својот бизнис, или да направи нови видови на топли сосови. Синот го назначил за претседател на компанијата, ќерката за заменик-претседател, додека тој и неговата сопруга заедно се сопственици на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП