3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови колекции на брендот SWATCH во “Божиновски часовници и накит”

Нови колекции на брендот SWATCH во “Божиновски часовници и накит”

swatch

SWATCH повторно ја внесува својата голема страст за квалитет, креативност и естетика во новите колекции. Совршени за оние кои секогаш сакаат да бидат различни и уникатни, најновите модели претставуваат вистинско изобилие на бои и шари кои докажуваат дека не постојат две индивидуи кои времето го поминуваат на ист начин.

Покрај шарените и авангардни часовници, SWATCH исто така ја надополнува својата колекција на автоматик часовници со нови, елегантни модели кои се произведени со највиско ниво на прецизност и швајцарски квалитет и кои нудат премиум вредност по достапна цена.

ccc

Тоа што ја издвојува колекцијата SISTEM51 IRONY од останатите, е употребата на метал.  Преку SISTEM51 IRONY, со употреба на високи перформанси и цврсти метали, SWATCH ја пренесува револуционерната  визија за софистициран дизајн на нивните автоматик часовници.

cbb

Совршени за во канцеларија, како и за викенд авантури, часовниците се опремени со механизам со единствена централна завртка , резервна моќност од 90 часа , 17 патенти и само 51 составен дел.

Новата колекција SISTEM51 IRONY  претставува совршен спој на едноставен и класичен дизајн со индивидуалниот стил по кој е познат брендот.

cdd

Придружете се на механичката револуција на SWATCH, прославете ја вашата уникатност и секогаш сакајте повеќе.

caa

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП