27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританците купуваат автомобил на невидено

Британците купуваат автомобил на невидено

honda nsx

Од „Hondа“ велат дека постојат купувачи кои се подготвени да уплатат дел од парите за новиот модел „NSX“ кој ќе се појави во продажба дури во 2015-та година. Сите заинтересирани Британци кои би сакале да станат сопственици на идниот модел би можеле сега да го сторат тоа. Потребно е само да го резервираат својот примерок и да уплатат депозит од 5000 фунти.

Според зборовите на директорот на „Hondа“ во Велика Британија, Фил Кросман интерес за новиот автомобили веќе постои, иако до неговото претставување има уште цели две години.

„Досега имаме примено преку 20 уплати за „Hondа NSX“, иако цената на овој автомобил се уште не е формирана, а ниту пак купувачите имаа можност да видат како ќе изгледа серискиот модел“, вели Кросман.

Јапонскиот производител уште ги нема објавени ни техничките детали на новата „Hondа NSX“, а се очекува ова возило да биде базирано на хибридниот концепт кој беше претставен на авто-саемот во Женева.

Концептот „NSX“ има хибриден погон кој се состои од два електромотори и централно поставениот V6 агрегат со директно вбризгување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП