3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo ги надмина oчекувањата, дуплиран кварталниот профит

Yahoo ги надмина oчекувањата, дуплиран кварталниот профит

gsmarena_002

Профитот на американската компанија „Yahoo“ повеќе од двојно е зголемен во кварталот заклучно со 30-ти септември, на 163 милиони долари, и покрај тоа што компанијата се подготвува за премин во сопствеништво на американската телекомуникациска компанија „Verizon“.

„Сеуште имаме доста доверба не само во вредноста на работењето, туку и во вредноста која производите на „Yahoo“ им ја овозможуваат на нашите корисници“, изјави генералната директорка на „Yahoo“ Мариса Маер по објавувањето на резултатите кои ги надминаа очекувањата, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите од компаниите во извештајниот квартал достигнаа 1,3 милијарди долари, што е скок во однос на 1,2 милијарди долари во истиот период минатата година, додека приходите од рекламата на мобилните уреди достигнале 396 милиони долари во однос на 271 милион долари во истиот период лани.

„Лансиравме неколку нови производи и тие остварија солидни финансиски перформанси“, изјави Маер.

Оваа интернет компанија договори во јули својата основна дејност да ја продаде на „Verizon“ за 4,8 милијарди долари, со што ќе биде ставена точка на 20-годишната независност на таа компанија.

„Verizon“, сепак, минатата недела соопшти дека неодамнешното хакирање на 500 милиони мејл адреси на „Yahoo“ ширум светот би можеле значително да влијаат на 4,8 милијарди долари вредниот договор, што, како што оценува АФП, значи дека „Verizon“ би можел да побара намалување на цената или пак би можел дури и да се откаже од договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП