24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРетро шарм со модерна енергија(фото)

Ретро шарм со модерна енергија(фото)

ppp

Шармот на мажите и атмосферата од 60-тите во комбинација со модерни елементи и динамиката на денешното секојдневие е темата на која Bitsiani ја раскажува својата приказна за оваа сезона.

Така, во сценариото на кампањата за есен/зима 2016 имаме современ маж кој знае да ужива во животот и сè што прави, прави со стил, велат од Fashion Group.

Колекцијата на Bitsiani e наменета за оние кои внимаваат на својот изглед, следат трендови, но во исто време сакаат да биде уникатни и да ја доловат својата единственост преку облеката и нејзиното комбинирање.

За есен/зима 2016 во колекцијата преовладуваат темно сината и земјените бои, кроевите се строги и најчесто припиени до телото. Дезените и принтовите се застапени за разигран изглед, но за оние кои претпочитаат едноставност, тука се и еднобојните парчиња. Типично за Bitsiani, секоја комбинација е дополнета и збогатена со модни додатоци како џебни марамчиња, шалови, марами, вратоврски, шапки итн.

db2c0083-large

Како најсоодветна локација за темата на кампањата оваа сезона и како ново и особено интересно место во градот го избравме ресторанот FOUR, дел од новоотворениот Park Hotel&Spa, кој со својот впечатлив ентериер и мешавина на топли бои и софистицирани парчиња мебел е одлично дополнување на концептот за сезоната, велат од Fashion Group .

Fashion Group има постојан тим на соработници на кои им верува и со кои смета дека го добива најдоброто од сè што работи, па затоа и оваа фотосесија е изработена од фотографското дуо Ани Дими, модел е Андреј Клинчаров, а за шминка и фризура се погрижи Маја Саздановска.

db2c0238-large

Кампањата за Bitsiani за есен/зима 2016 е последната од неколкуте кампањи, едиторијали и каталози кои Fashion Group ги продуцира за различни рекламни цели. Иако соработката со матичните куќи на брендовите кои ги застапува е постојана, домашниот талент и квалитет треба константно се поддржуваат за да може да дојдат до израз и да го дополнат позитивниот имиџ на секоја модна марка, која е дел од групацијата.

db2c0130-large

db2c0370-large

db2c0458-large

db2c0556-large

dscf0082-copy-large

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП