26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГонзалес: Да ја искористиме формата за нова победа во ЛШ

Гонзалес: Да ја искористиме формата за нова победа во ЛШ

%d0%b3%d0%be%d0%bd%d0%b7%d0%b8

Пик Сегед е наредниот противник на Вардар во Лигата на шампионите. Овие две екипи играа меѓу себе и минатата сезона, а двата натпревара ги доби Вардар.

Македонскиот првак Вардар од почетокот на сезоната игра во брилијантна форма, по стартното реми со Мешков Брест, во СЕХА лигата, тимот на Раул Гонзалес има серија од десет победи (седум во СЕХА и три во Лигата на шампионите).

Четвртиот триумф во Лигата на шампионите „црвено црните“ ќе се обидат да го остварат во дуелот со Пик Сегед, против кого ќе бидат апсолутни фаворити.

„Треба да го искористиме моментот во кој се наоѓаме, да ја искористиме нашата добра форма. Пред себе имаме добар противник кој има и квалитет и искуство, добар тренер. играат добар ракомет и поради тоа мора да бидеме максимално фокусирани“, рече на прес конференцијата пред натпреварот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, кој потенцира дека иако двете екипи добро се познаваат дека се можни изнендувања: „Секогаш кога ќе играш против тим кој го трениера Пастор, мораш да бидеш подготвен на некое изненадување“.

Гонзалес за мечот со унгарскиот тим на располагање ќе ги има сите играчи, додека на споритвната страна ќе недостига довчерашниот вардарец Сергеј Горобок. Пик Сегед во првите три меча, во Лигата на пампионите, има по победа, реми и пораз. Победата е забележана на гостински терен во Загреб, а на двете домашни средби тимот на Пастор ремизираше со Рајн Некар и загуби од европскиот првак Кјлеце.

„Се наоѓаме во добра форма, го имаме моментот, играме на домашен терен и одиме на победа против еден силен противник. целта и оваа година е пласман на завршниот турнир, мораме да се пласираме таму, така што против секој тим мора да одиме на победа и тимови како Пик Сегед мора да ги победуваме“, рече капитенот на тимот Стоилов.

Вардар ќе го пречека Пик Сегед, в недела од 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП