3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзбрани петте партнери за иновации на Т брендот за 2013 година

Избрани петте партнери за иновации на Т брендот за 2013 година

NAK_8397 copy

Македонски Телеком и Т-Мобиле добија вкупно 78 иновативни предлози во областа на интерактивни медиумски апликации, апликации и услуги за е-влада, социјални мрежи и мобилност

Македонски Телеком АД Скопje- Денеска беа објавени петте избрани идеи на конкурсот „Партнер за иновации” организиран од страна на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија. Наградата за петте избрани проекти, кои ќе се реализираат во 2013 година е во вредност од 100.000 евра, а дополнително на располагање ќе бидат ставени сите ресурси на Т брендот во Македонија, вклучувајќи ги експертските тимови и целокупната инфраструктура и корисничка база на двете компании.

Петте партнер проекти се: „T-Care” ( виртуелна средина базирана на вештачка интелигенција), „МаркетКонект” (веб платформа за онлајн трговија) „Smart Wine” (M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри), „CollaboDox” (систем за соработка меѓу различни платформи)  и „Cloud Message” (систем за мобилно споделување пораки и рекламирање).

NAK_8207

„Иновациите се клучот за успех и одржливост на пазарот, а стратегијата на Телеком Групацијата не е само да развива и да нуди  сопствени иновации, туку исто така успешно да ги интегрира иновациите од надворешни партнери. Убеден сум дека заедно можеме да ги понудиме најдобрите иновативни комуникациски решенија за Поврзан живот и работа”,  изјави Тило Куш, Главен извршен директор на Македонски Телеком АД – Скопје.

Конкурсот започна на 12ти декември  2012 и траеше до 15 февруари годинава, а за време на овој период се пријавија 78 иновативни идеи од страна на поединци и компании во Македонија. Конечниот избор на петте концепти кои најуспешно ги следеа поставените критериуми, како и стратешките определби и планови на компанијата, го направи експертска жири комисија составена од двете компании.

На конкурсот можеа да учествуваат сите заинтересирани, а целта беше да се инспирира и развие мрежата на иноватори, кои со своите сјајни идеи можат да придонесат за развој на е-општеството и збогатување и подобрување на секојдневието на македонските граѓани. Следен чекор е развивање и имплементација на петте најдобри проекти.

„Нашата мисија е да го инспирираме целокупниот бизнис сектор во Македонија, затоа што тоа значи унапредување на македонската економија воопшто. Вистински предизвик беше да се изберат само пет решенија од многуте пристигнати. Учесниците со своите сјајни идеи го потврдија фактот дека во Македонија има мрежа на иноватори која може да нè промовира и во меѓународни рамкиˮ, изјави Жарко Луковски, Главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Конкурсот „Партнер за иновацииˮ на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија започна на 12-ти декември 2012 и траеше до 15 февруари 2013,

NAK_8258 copy

 

Факти и бројки

– Конкурсот „Партнер за иновацииˮ на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија започна на 12-ти декември 2012 и траеше до 15 февруари 2013,

– “Партнер за иновации” има за цел развој на мрежата на иноватори во Македонија, развој на македонското е-општество и подобрување на секојдневието на македонските граѓани

– Категории на конкурсот:

  • интерактивни медиумски апликации,
  • апликации и услуги за е-влада и Cloud решенија,
  • социјални мрежи и мобилност

– На конкурсот се јавија вкупно  78 предлози

– Експертската комисија составена со членови од двете компании направи прелиминарна селекција  и селектираше 33 предлози кои продолжија и во втората фаза

– Финалната селекција доведе до избор на пет проекти кои ќе се реализираат со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, а тоа се:

  1. “T-Care” (Виртуелна средина за односи со корисници и промоција од далечина, базирана на вештачка интелигенција), Анис Сефиданоски,
  2. “МаркетКонект” (новa македонскa веб платформа која ги проширува можностите за онлајн трговија преку директно поврзување на компаниите со потрошувачите на повеќе пазари во регионот) Р3 Инфомедиа ДОО, Скопје
  3. “Smart Wine” (Интегрирано целосно M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри со користење на безжична сензорска мрежа) – Институт за телекомуникации Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  4. “CollaboDox” (Систем за соработка со “Microsoft Word” документи помеѓу различни платформи) – CREATIONPAL ДОО, Скопје
  5. “Cloud Message” (Систем за Augmented Reality базиран на мобилна телефонија за споделување на пораки и рекламирање). Intelligent Network Solutions, ДОО, Скопје

– За реализација на петте најдобри проекти Македонски Телеком и Т-Мобиле ќе инвестираат 100.000 евра, а на располагање ќе бидат експертските тимови, како и целокупната инфраструктура и корисничка база на компаниите

– Исто така Дојче Телеком во март 2013 објави конкурс за партнерство за иновации “Телеком предизвик” на ниво на Групација низ целиот свет

– На конкурсот се јавија 444 проекти од 45 земји, а од Македонија се пристигнати 38 предлози, од коишто 4 се влезени во финале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП