2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтрански инвеститори ја тужат Toshiba за 16,7 милијарди јени

Странски инвеститори ја тужат Toshiba за 16,7 милијарди јени

tosh49

„Toshiba“ соопшти дека група инвеститори ја суди компанијата за 16,7 милијарди јени (162,29 милиони долари) поради штетите од нејзините лажни податоци за профитот. Тоа е досега најголемата тужба за надомест, поврзана со билансен скандал, пренесува „Ројтерс“.

„Toshiba“ објави дека 45 претежно странски институционални инвеститори покренале тужба во Окружниот суд во Токио. Компанијата била известена за нивните активности во средата.

Ова се случува за 15 други дела за кои сакаат од компанијата вкупно 15,3 милијарди јени компензација за штетата нанесена од билансниот скандал за 1,3 милијарди долари од минатата година, посочуваат од „Toshiba“.

Во август „Japan Trustee Services Bank“ поднесе тужба против компанијата, барајќи 12 милијарди јени. Минатата година „Toshiba“ призна дека го зголемувала лажно профитот од 2008-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП