2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLloyds скратува 1.340 работни места во Велика Британија

Lloyds скратува 1.340 работни места во Велика Британија

lojdi3

„Lloyds Banking Group“ – една од најголемите британски банка има намера да скрати 1.340 работни места во рамките на програмата за намалување на трошоците, започната во октомври 2014-та година, соопшти „Bloomberg“.

Планот вклучува намалување на околу 12.000 позиции до 2017-та година, објави во соопштението синдикатот „Accord“, кој ги претставува вработените. Засегнатите работни места ќе бидат од банкарството на мало, единиците за финансии и ризик и за кориснички производи и маркетинг и со нив вкупниот бројот на отпуштените ќе изнесува 8.680 работници. Банката која има вкупно 74.117 вработени, истовремено ќе создаде 110 нови работни места и ќе се обиде да назначи веќе работат луѓе на нови позиции.

„Каде е потребно вработените да ја напуштат компанијата, ќе се обидеме тоа да се постигне доброволно. Принудните кратенки секогаш ќе бидат последна шанса“, пишува во соопштението на банката.

Пред јули главниот извршен директор Антонио Хорта-Осорио ги продлабочи отпуштањата во обид да го совлада намалувањето на профит од кредитирањето, кое настрада од рекордно ниските каматни стапки. Во меѓувреме британската влада, која има 9 проценти удел во „Lloyds“, почна повторно да продава акции во текот на минатата недела под просечната цена, при што ја спаси банката во екот на финансиската криза. Тогаш властите платија 20,3 милијарди фунти.

„Длабоко сме загрижени и за обемот, и за темпото на отпуштања“, вели во својата изјава Џеда Николс, генерален секретар на „Accord“. „Овој пристап не придонесува на никаков начин за зголемување на самодовербата меѓу оние кои остануваат во бизнисот“, додава тој.

Од почетокот на годината акциите на „Lloyds“ поевтинија за 27%, на тој начин банката ги остварува најлошите перформанси меѓу банките, по „Royal Bank of Scotland“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП