26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОППД Загреб пресилен за Металург

ППД Загреб пресилен за Металург

metalurg

ППД Загреб го совлада Металург со 29-20 и му го нанесе четвртиот пораз, во шестиот натпревар сезонава во СЕХА лигата. Овој пораз е трет во низа за Металург, по двата во Лигата на шампионите против Татран и Чеховски медведи.

ППД Загреб иако во мечот со Металург влезе по серијата од три порази во Лигата на шампионите сепак ја оправда фаворитската улога. Хрватскиот шампион победата ја најави во првите десет минути кога поведе со 6-1. Металург успеа да се приближи на 8-6, а на полувреме домаќинот имаше предност од три гола 13-10.

Вториот дел започна со три гола на ППД Загреб, чии ракометари потоа рутински до крајот го одработија натпреварот.

Костески и Драгаш со по пет гола беа најефикасни во тимот на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП